„Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” од Билјана Велковска – за поттик за личен развој

Деновиве од печат излезе книгата „Ако се осмелиш…(Р)еволуција на жената” од Билјана Велковска, филолог по компаративна книжевност, магистер по психологија и инструктор за терапевтско пишување. Книгата е напишана како поттик и инспирација за личен развој, за патот до едно среќно и исполнето „јас”.

Содржи осумдесетина топли, искрени, инспиративни и поучни песни-светилници за патот до себеси и до радоста на секоја жена, песни што се кристализација на личното и на професионалното искуство на авторката.

Авторката Велковска зад себе има објавено две книги од областа на психологијата -„Психосоматика – емоции што разболуваат и лекуваат“ (2019) и „Умешност на лутината – мал водич за голема лична моќ“ (2022), двете изданија на „Арс Ламина“.

Во поговорот стои: „Ако се осмелиш“ се случи неочекувано и непланирано, како што ми се чини се случуваат едни од најдобрите нешта во нашите животи… Песните во неа се плод на една лична, интимна трансформација во текот на една тешка година, па оттаму и поднасловот „(Р)Еволуција на жената“… Пишувани се со надеж дека ќе бидат утеха и патоказ, поттик и инспирација за нечија, можеби за вашата, лична трансформација…“
Издавач е Центар за ментално здравје и личен развој „Психологијана“. Книгата чини 250 денари, а засега може да ја нарачате на centarpsihologijana@gmail.com или на телефон 070 872 408.

Сподели