Агенцијата за филм распиша конкурс за финансирање проекти од национален интерес во филмската дејност за организирање на домашни фестивали и други филмски манифестации од меѓународен карактер за 2023 година Право на учество имаат правни лица регистрирани во Централен регистар на Република Северна Македонија, непрофитни организации, здруженија на граѓани и фондации.
Агенцијата за филм финансира проекти кои:
-Македонската кинематографија ја ставаат во интернационален контекст;
-Имаат европски, односно меѓународен карактер;
-Го промовираат интеркултурниот дијалог и развој на граѓанското општество;
-Се засновани на стручно и професионално знаење;
-Имаат висок квалитет и профилираност на основната дејност;
-Имаат значителна посетеност;
-Се одржуваат континуирано и со традиција;
-Имаат едукативен аспект/квалитет на публикациите
Повеќе за деталите за конкурсот, на следниот линк.





