„Агапе“ – изложба на Горјан Ѓорѓиев во „Метаноја“

„Агапе“ е насловот на изложбата на дела од Горјан Ѓорѓиев отворена во уметничката галерија „Метаноја“ во Скопје. Тој се претставува со дела создадени во последниот период.

Ѓорѓиев (1965, Скопје) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек сликарство, во 1987 година. Член е на ДЛУМ од 1988 година. Учествувал на многу перформанси, групни изложби и колонии во земјата и во странство. Живее и работи во Скопје, како уредник за ликовна програма во Младинскиот културен центар.

Сподели