Фотографии од филмски и театарски улоги на Дарко Дамевски во Театар Комедија

Во фоајето на Театар Комедија е поставена изложбата на фотографии од театарските и филмските улоги на великанот Дарко Дамевски – уметник чие творештво остави длабока трага на сцената што денес гордо ја носи ансамблот на Театар Комедија.

Изложбата, реализирана во соработка со Мони Дамевски, Сотароски Саша и Виктор Семенпеев, ќе биде достапна за посетителите во текот на март и април, како сведоштво за богатото актерско наследство и трајниот белег што Дарко Дамевски го остави во македонскиот театар и филм.

Сподели