Претставување на локалитетот Тумба Маџари во основните училишта во Македонија

Доближување на археолошкото наследство до најмладите е во фокус на проектот „Промотивна турнеја – Тумба Маџари во основните училишта во Македонија“ што го реализира археологот д-р Перо Синадиновски, кустос Археолошкиот музеј во Скопје. Проектот е со поддршка на Министерството за култура и туризам, а почнал на 18 февруари.

– Ги посетуваме училиштата во Источна Македонија, пренесувајќи приказна стара околу 8.000 години. Преку презентации, едукативен филм и интерактивни активности, учениците се запознаваат со неолитскиот локалитет Тумба Маџари – едно од најзначајните археолошки наоѓалишта кај нас – велат од Археолошкиот музеј.

Во фокусот е Големата мајка – симбол на животот и духовното наследство. Со флаери, стикери и постери, историјата станува подостапна и поинтересна за децата, велат од Музејот. Целта е Тумба Маџари да стане дел од секое училишно искуство и да ја поттикне љубопитноста за нашето културно наследство уште од најрана возраст.

Сподели