Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“, издание на Кинотеката, ќе се одржи задутре (27 февруари), во 19 часот во просториите на Кинотеката. Овој ексклузивен настан претставува значаен културен момент во одбележувањето на седум децении од развојот и историјата на филмскиот плакат во Македонија. Монографијата опфаќа богата збирка од највпечатливите и најистакнатите плакати креирани во периодот од 1952 до 2022 година, како визуелна хроника на македонската филмска уметност, дизајн и естетика.
Промотори на изданието: д-р Александар Прокопиев и Јане Алтипармаков, со присуство на авторите на изданието. Настанот ќе биде збогатен со пригодна изложба на избор од македонските филмски плакати.
Публикацијата „70 години македонски филмски плакат 1952 – 2022“ е обемно издание кое има за цел да ја претстави и архивира визуелната историја на македонскиот филм низ плакатот како медиум на комуникација и уметнички израз.





