Филмот „Арко“ од утревечер започнува да се прикажува во кината во нашата земја, носејќи возбудлива приказна што ги спојува иднината, времето и судбината. Сместена во 2075 година, приказната следи девојка која сретнува мистериозно момче во виножитно одело што паѓа од небото. Тој доаѓа од совршена иднина каде патувањето низ времето е реалност, а таа станува неговата единствена надеж за враќање дома.
„Арко“ е емотивна авантура за пријателството, храброста и вербата во невозможното – филм што комбинира научна фантастика, силни емоции и магијата на големото платно. Публиката ќе има можност да тргне на незаборавно патување низ времето од 19 февруари, кога филмот официјално пристигнува на редовниот кино-репертоар.
Филмот има освоено десетина награди, а имаше и номинација за најдобар анимиран филм на „Оскарите“ годинава.





