Со патики дизајнирани од Сатја Грабулоски ѕвездата Џејлен Браун настапи на „Ол старс викенд“

Кошаркарот Џејлен Браун од „Бостон селтикс“, еден од најдобрите НБА играчи на денешницата со патики дизајнирани од Сатја Грабулоски настапи викендов на најголемиот кошаркарски настан во годината „НБА ол старс викенд“. Патиките се изработени по директна комуникација на Грабулоски со Браун, кој самиот ги дал насоките за уникатните патики. Браун ги носеше патиките и за официјалното фотографирање на играчите пред нивниот настап.

– Да соработуваш со еден од најдобрите кошаркари во моментот во светот е уживање – посебно кога се работи и за одличен човек и интелект. Сигурно многумина не знаат дека Џејлен е и предавач на Универзитетот МИТ, па неговата љубов кон бројките и вселената се пресликани во еден пар патики. Разговараме и на тема Македонија, па при некоја следна посета на Европа, се надевам ќе го прошетаме низ Скопје – вели Грабулоски.

Тој веќе неколку години во Скопје го има SWithADot студио. Ова не е прва соработка на Грабулоски со луѓе кои се меѓу најзначајните во НБА лигата. Во деловната биографија на SwithADot се запишани и имињата на Шекил О’Нил, Леброн Џејмс, Никола Јокиќ, Јанис Антетокумпо, Двејн Вејд, Ален Ајверсон, Кармело Ентони, Богдан Богдановиќ и многу други.

Сподели