До 15 февруари е отворен повикот „Уметност и игра во јавни простори“ во Ебенбекхаус во Минхен. Повикот е наменет за резиденција за уметници и колективи кои ќе престојуваат во Минхен 6 октомври до 22 декември. Може да аплицираат уметници од целиот свет.
– Програмата „Уметници во резиденција“ на Градот Минхен како дел од Одделот за уметност и култура и програмата за уметничко образование нудат резиденција за уметници и колективи (до три лица) кои се фокусираат на партиципативни проекти во јавни простори и го истражуваат пресекот на уметноста и играта – пишува во повикот.
Месечниот грант изнесува 1.300 евра. Повеќе информации на линкот.





