Националниот џез оркестар ја почнува концертната сезона

Концертната сезона на Националниот џез оркестар ќе почне вечерва во 20 часот во Македонската филхармонија, а ќе настапат заедно со гудачкиот ансамбл на Националната опера и балет. Диригент е Џијан Емин. Ќе бидат изведени авторски композиции на Трајче Велков, Гордан Спасовски, Зоран Костадиновски, Џијан Емин, Гоце Стевковски, Сашко Николовски и Георги Шарески. Како солисти ќе настапат Кирил Кузманов на саксофон и флејта и Бојан Цветковиќ, на пијано.

Повеќе информации на линкот.

Сподели