Во преполната киносала во „Докукино КИЦ“ во Загреб, хрватската публика ја проследи премиерата на „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Премиерата ја организираа хрватскиот дистрибутер „Рестарт“, „Волим документарце“ и македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Пред публиката се обратија раководителката „Докукино КИЦ“, Дина Покрајац и директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска.





