Зима не значи загадување, Сакам да дишам, Сакаме иднина во која се дише слободно, Стоп за УСЈЕ – ова се само дел од пораките што можеа да се прочитаат на транспаренти на последнот граѓански протест што се одржа пред цементарницата „Усје“. Граѓаните побараа трајно решение и дислокација на компанијата. Тие сметаат дека работата на цементарницата има негативно влијание врз животната средина и здравјето, поради што инсистираат на конкретни чекори од надлежните институции.

Од „Усје“ ги отфрлаат обвинувањата дека се најголем загадувач, оценувајќи ги како тенденциозни. Од компанијата посочуваат дека поседуваат А-интегрирана еколошка дозвола, се под постојан мониторинг и дека резултатите од мерењата се јавно достапни.

Ви споделуваме фотогалерија на авторот Небојша Гелевски Бане.











