Изложби на ДЛУМ отворени во Кавадарци

Изложбите „Мал формат“ и „МиниАРТура“ на Друштвото на ликовните уметници на Македонија се отворени од синоќа во Музеј галеријата – Кавадарци. Претставени се дела во дводимензионален и тродимензионален формат – цртежи, слики, колажи, скулптури, објекти, графики и дела во други техники од членовите на уметничкото здружение.

Изложбите ќе бидат отворени за посета до 12 февруари.

Сподели