По десет години од премиерата, претставата „Да го поздравиш и да ми го бациш“ на продукцијата „Артопија“ повторно ќе се игра пред театарската публика. На 27 јануари во „Јавна соба“ во Скопје ќе биде изведена во 20 часот. Претставата е во режија на Билјана Радиноска, а играат: Бојан Кирковски, Наташа Петровиќ, Ненад Митевски и Симона Спировска Костовска.
Станува збор за трансформирачка приказна за растењето, соништата и борбата за индивидуална слобода. Ова е авторско дело кое нуди длабок поглед во личните искуства и внатрешните конфликти на младите уметници. Темите што се отвораат се уметноста во себе, надежите, стравовите и борбите за остварување на креативниот потенцијал. Актерите поставуваат важни дилеми: Каков треба да биде театарот денес? Местото на младите во општеството? И го сликаат вакуум просторот помеѓу „каков сакаме да биде животот“ и „каков животот навистина е“… Тоа е емотивна слика на судирот помеѓу интуитивното и рационалното.
Претставата не е наменета за лица под 16 години.





