45 дела пријавени за „Роман на годината“

Вкупно 45 романи се во конкуренција за наградата „Роман на годината“, соопшти Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“. Во жирито членуваат Калина Малеска (минатогодишна лауреатка и претседателка на жирито), Иван Антоновски, Ивана Трајаноска, Иван Шопов и Катерина Богоева (претставничка на Фондацијата). Комисијата на првиот состанок констатирала дека и годинашната конкуренција е составена од различни жанрови и дека процесот за избор на најдобро дело воопшто нема да биде лесен.

Жирито ќе направи неколку селекции на пристигнатите романи, а добитникот на наградата ќе бие соопштен до 15 март.

Наградата „Роман на годината“ годинава ќе биде доделена 27. пат. Поддржана е од Министерството за култура и туризам. Генерален спонзор е „Комерцијална банка“ АД Скопје. Признанието се состои од плакета, оригинална статуетка и паричен износ од 150.000 денари.

Сподели