Во Културно-информативниот центар – Скопје на 22 јануари (четврток) во 19 часот ќе се одржи промоција на 37. издание на списанието „Филозофска трибина“ во издание на Филозофското друштво на Македонија. Промотор на бројот во кој темата на бројот е „300 години Кант“ ќе биде проф. д-р Ана Димишковска.
Повеќе за содржината на списанието може да видите на следниот ЛИНК. Списанијата можат да се најдат во книжарниците на „Или-или“ и „Култура“ по цена од 150 денари по примерок.





