Македонката Тина Русева победи на шоуто за таленти Voice of Europe. Родена во Струмица, Русева во изминатите месеци беше вистински хит на шоуто Voice of Germany, каде победи, па отпосле ја претставуваше оваа земја на Voice of Europe. Тина Русева доби најмногу гласови од публиката и жирито.
Тина преку видео одлучи им се зaблагодари на сите што гласале за неа и за поддршката што ја добила.
-Ви благодарам многу, прво затоа што ме поддржавте, лајкувавте, коментиравте, што бевте тука. Исто така му благодарам на жирито што судеше фер. Она што можам да го кажам во овој момент е бидете тоа што сте, верувајте во себе, верувајте во процесот и успехот ќе ве следи“, вели Тина во видеообраќањето до нејзините следбеници.
Ова е голем успех за исклучителната Тина, која ги освои срцата на публиката, но и на жирито, низ целиот процес на избор на најдобри на Voice of Germany. Моќен вокал, впечатлива на сцена, но и со многи емотивна интерпретација, Русева беше една од најоригиналните кандидати од почетокот на натпреварот.
View this post on Instagram





