Триесет и осумте Европски филмски награди (EFAs), европскиот еквивалент на „Оскарите“, ќе се одржат на 17 јануари во Берлин. За прв пат во историјата на постоењето на овие награди, церемонијата на доделување на наградите е поместена од традиционалниот декемвриски термин во средина на јануари, кога се доделуваат најголемите награди во светот на филмот. Неодамна се одржаа „Златните глобуси“.
Иако неретко знаат да бидат потценети, годината многу европски филмови заслужуваат внимание. Ова се номинираните филмови за гланвата награда – најдобар филм: „Сентиментална вредност“, семејна драма на Јоаким Триер, филм за кој актерот Стелан Скарсгард доби „Златен глобус“. Номинација има и „Сират“, постапокалиптична одисеја во режија на Оливер Лаксе, „Тоа беше само несреќа“ – политички филм на Џафар Панахи, добитник на „Златна палма“. Dog of God на Рајтис и Лаурис Абеле и анимираната адаптација на Amélie et la métaphysique des tubes на Мајлис Валаде и Лиан-Чо Хан, се последни номинирани. Во прелиминарна листа за оваа награда беше и филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска.





