Ана Петановска и Клара Лукас – ѕвезди од светски ранг на Василичарскиот концерт (Фото)

Пејачката Ана Петановска беше ѕвездата на двата концерта „Ретро диско“ што ги организираа Националната опера и балет и Националениот џез оркестар, односно традиционалниот Василичарски концерт, на 12 и 13 јануари во НОБ. Иако досега вообичаено можевме на различна тема да слушаме наши солисти, годинава организаторите се одлучија за гости од надвор. Познати песни од Глорија Гејнор, АББА, Стиви Вондер, Дона Самер испеаја во соло, или во групни изведби. Нашата Ана Петановска, дефинитивно, беше ѕвездата на вечерта. Гостуваа Џудид Беноа од Велика Британија, која можеби беше најслаб вокал, со неколку ситни, но забележливи грешки во изведбите, во што помогнаа придружните вокали и оркестарот.

Ја видовме одличната Клара Лукас од Германија која покажа извонредни вокални, но и сценски способности. Нејзината изведба на I Will Survive од Глорија Гејнор ќе се памети долго. Даниел Ситрит од Данска и Мартин Лин од Данска беа на ниво на задачите. Најдобар дует дефинитивно беа Петановска и Лукас. Тие ја изведоа Waterloo од АББА, како и Dancing Queen на Петановска и Лукас беше една од помоќните изведби, што публиката ја слушна и втор пат по бурните аплаузи. Машките вокали беа интересни со изведбата на Uptown Funk од Бруно Марс. Петановска беше врвна со Lady Marmalade.

We Are Family ја изведоа сите, а публиката остана на нозе уште долго. Концертот заврши со целата публика на нозе.

Одамна не сме имале можност да видиме толкав оркестар на сцена. Во првите борбени редови – музичарите од Оркестарот на НОБ, а во позадина – нивните колеги од Џез оркестарот. Сето тоа маестрално го фузираше маестро Џијан Емин. Одлични соло-делници слушнавме од саксафонистот Кирил Кузманов, како и гитаристот Зоран Костадиновски, трубачот Сенад Усеин и др. (С.Ѓ)

Фото: Национална опера и балет

Сподели