Предности и поволности на новата Халки картичка за деца

Сите деца на возраст од 9 до 15 години може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, што ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.

Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители или старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.

Ова се дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.

– Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка.
– Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција.
– Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка.
– Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство.
– Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето.
– Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay.
– Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година.

Еден од најголемите придобивки од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.

Поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.

Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.

Сподели