Бендот „Корка“ од Кочани, кои се еден од водечките млади бендови од Македонија од синоќа е на турнеја низ повеќе земји. Турнејата ја започна со концерт во Алтернативниот културен центар Термокис во Пришина, а вечерва ќе гостуваат Друштвениот културен центар „Помаранџа“ во Подгорица. „Корка“ ќе одржи вкупно седум концерти во шест држави.
После Подгорица, следува настап во Задар во Автономниот друштвено културен центар „Нигдјеземска“ на 6 јануари. Ќе следуваат два настапи во Љубљана, во Гала хала и во Културниот дом во Железники на 8 и 9-ти.
На крај по пат накај дома ќе го посетат Белград со претпоследниот концерт од турнејата во „Квака 22“ на 11 јануари. Тие ќе ја завршат турнејата по мал одмор со концерт пред домашната публика во „Котур“ во Скопје на 19 јануари.
Оваа турнеја доаѓа после веќе неколку настапи надвор од Македонија, како оној на фестивалот Changeover во Белград оваа есен. Како и посетата во Брисел со нивен концерт на меѓународниот натпревар Imagine Music Experience, каде што ја освоија наградата од публиката пред само половина месец.
Корка го издаде своето прво самонасловено EP во мај оваа година и веќе се добро познати на македонската публика после бројни настапи во Кочани и Скопје и еден во Битола. Тие се истакнуваат отсликувајќи го гневот на младите луѓе преку нивниот тврд, емотивен и некомпромитирачки звук.
„Корка“ се под капата на независната музичка издавачка куќа „Мртов коњ“, што ја организира турнејата.





