Пред македонската премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“ активистката Мариjа Дуда денеска организира „Базарче дружба“, посветен на сите штркови, во Books & Dogs („Три бисери“ во Скопје) до 17 часот.
Во рамки на базарчето, посетителите можат да изберат и испечатат дизајни со мотиви од Силјан штркот на дуксови, маички, капи и разгледници, со автограм од Тамара Котевска и Жан Дакар. Патите од продажбата и донациите се наменети за изградба на првиот рехабилитациски центар за штркови.
Како симбол на оваа иницијатива на настанот присуствува и Јорго штркот, кого посетителите можат лично да го запознаат. Секој што ќе купи или донира ќе биде впишан со свое име на еден од ѕидовите на новиот центар, како траен знак на поддршка. Настанот е замислен како отворена, пријателска средба која ја продолжува приказната за Силјан, од филмско платно во реална поддршка за заштита на штрковите.





