Македонска премиера на „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска

Во Македонскиот народен театар вечерва во 20.30 часот ќе се одржи македонска премиера на документарниот филм „Приказната за Силјан“, во режија на Тамара Котевска. Филмската екипа на „Силјан“ ќе присуствува на проекцијата и ќе ги поздрави гостите. Билетите се во ограничени количини и се достапни преку платформата drugastrana.mk на линкот.

„Приказната за Силјан“ е визуелно силен и медитативен филм за издржливоста, грижата и малите дела кои менуваат животи. Во срцето на рурална Македонија, земјоделецот Николa, притиснат од новите државни политики, случајно наоѓа ранет бел штрк на депонија и решава да му помогне. Нивниот кревок, полека граден однос со доверба се претвора во спасоносна врска која му враќа смисла на Никола, ги обновува врските со заедницата и ги буди старите преданија и односот кон природата.

Кинематограф на филмот е Жан Дакар, а продуценти – Ана Хашми, Тамара Котевска, Дакар и Јорданчо Петковски и продуцентските куќи Ciconia Film, Concordia Studios, The Cornershop. Монтажер е Мартин Иванов, а музиката е на Џо Вилсон Дејвис и Hun Oukpark (Hans Zimmer Studio). По празниците филмот ќе продолжи да се прикажува во Скопје и низ останатите македонски градови.

Сподели