НАЈЧИТАНИ ВО 2025: „Сè ќе биде ОК“, „Времето лечи сè“, „Утре ќе ти биде подобро“, „Знам како ти е!“… – се несоодветни изрази при прва психолошка помош

Прва психолошка помош, како да бидеме достапна и присутна поддршка во моменти на голема трагедија е текстот на Радмила Живановиќ, лиценциран психолог, гешталт терапевт и ЕМДР практичар при „Психотерапика“ кој беше еден од најчитаните на Умно.мк во изминатата година. Првата психолошка помош (ППП) е начин да им се помогне на настраданите и преживеаните да обезбедат поголема стабилност на себеси и најблиските во однос на ситуацијата која што ги преплавила, не успеваат и не можат да ја исконтролираат. ППП овозможува поадекватна заземјеност во реалноста, придонесува до поголемо чувство на безбедност и овозможува простор и релација во која настраданиот може да ги искомуницира моменталните потреба, да ги сподели моменталните емоции и да стане посвесен за моменталните можности и ресурси кои се на располагање. Едни од позначајните фактори на одреден дистрес или преживеаност да премине во трауматско преживување е самата изненадност и силината на загубата, огромниот досег на трагичната загуба, присутната и силна немоќ за промена, справување, губење на контрола врз животот и дезориентација. Сепак, треба да се земе предвид дека ППП помош се нуди на лице место на настаната несреќа, а сите други психолошки интервенции се нејзина поддршка. Доколку е возможно, ППП се нуди првенствено на примарните провајдери на грижа и нега, на сите оние сервиси кои се грижат и ќе ги негуваат настраданите во наредниот период. Тука се вклучени пожарникарите, медицинските лица и лицата од прва медицинска помош, училиштата и класовите во кои учеле настраданите млади и сите вклучени во спасување и моменталната нега и заштита на настраданите, тука се новинарите кои се директно на терен и известуваат за целата трагедија. Тука се и семејствата – поддршка на настраданите семејства, другарите и соучениците на преживеаните, пријателите и роднините на настраданите.

Психолошката поддршка за семејствата и настраданите млади во оваа кобна трагедија во Кочани, се нуди откако и самите ќе излезат од огромниот шок и кога целата потрага и сите информации за реалната состојба со нивните деца не се обезбедат. Овие повредени семејства, како и повредената заедница потребно е да почнат да ги процесираат случувањата и силните емоции кои можеби ќе се одмрзнат по некое време. Во овој момент, она што единствено знаат е дека е потребно да помагаат, да се борат, да се надеваат и да бидат со најблиските. Секој нов кој би им пристапил не би го имал истиот ефект на поддршка, како што може да го има најблиската и најпознатата средина и процедура. Тоа значи дека можеби прва психолошка поддршка може да се даде на тие семејства, пријатели и комшии кои се грижат за настраданите семејства.

Како што имаме прва медицинска помош, така постои и прва психолошка помош. Потребно е сите да имаме одредени познавања за двете, но најсоодветно е доколку се нуди од стручни лица со познавање и пракса во нудење на ППП.

Целиот текст на линкот.

Сподели