Страхил Петровски ги изложи своите „Реминисценции“ во Њујорк

„Реминисценции“ е насловот на изложбата од мултимедијалниот уметник Страхил Петровски што синоќа беше отворена во Галеријата МЦ (Gallery MC) во Њујорк. Истоимената изложба отворена годинава во јуни во Париз, во Њујорк е претставена како просторна инсталација со сосема нов концепт, надополнета со нови дела, наменски изработени за просторот во Галеријата МЦ, кои естетски и визуелно ќе кореспондираат со наративот на самата поставка. Изложбата пред њујоршката публика ќе биде изложена до 9 јануари.

Петровски излагав во Њујорк повторно по 5 години од неговото прво претставување со мултимедијалниот проект Action/Reaction/Wor(l)d.
– Како мултимедијален уметник, секоја нова изложба е едно поинакво визуелно патување и огромен предизвик за мене, ново креативно искуство, лично преиспитување – дијалог и продлабочување на персоналните видици во полето на современата уметност – вели Петровски.

Повеќе информации на линкот.

Сподели