„Виртуози на хорна“ е насловен концертот што ќе се одржи утревечер во 19 часот во малата сала на Филхармонија. Концертот се одржува во рамките на 5. издание на Скопскиот брас фестивал.
На концертот, покрај домашниот Благоја Василевски, ќе настапат реномирани хорнисти од регионот: Михајло Булајиќ, прва хорна во Лондонски симфониски оркестар и оркестар на РТВ Словенија, Никола Чириќ, прва хорна Белградската филхармонија, Илир Кодима, прва хорна Косовската филхармонија и од Факултет за музичка уметност од Тирана и Милан Роксандиќ од театарот во Нови Сад. Влезот за концертот е слободен.
На програмата ќе има познати класични композиции како Унгарска рапсодија бр. 5 од Јоханес Брамс, Радецки Марш од Јохан Штраус, но и божиќни песни аранжирани за ансамбл хорни.
– Ова е значаен пример за меѓународна соработка и културна размена, носејќи врвна уметничка изведба и современ пристап кон камерната музика за хорни. Публиката ќе има можност да ужива во програма што ги истакнува богатството и можностите на овој инструмент, како и заедничката визија за развој на брас сцената во регионот – велат од Фестивалот.





