20 години музичко другарување на Александар Петров и Васил Хаџиманов

Transmission e насловот на концертот што задутревечер (24 декември) ќе се одржи во клубот „Станица 26“ во Скопје, на кој ќе настапат Александар Петров и Васил Хаџиманов. Станува збор за уникатен проект што го спојува традиционалното и модерното, акустиката и електрониката.

Со концертот ќе бидат одбележани 20 години музичко другарување на Петров и Хаџиманов. Првиот дел ќе биде посветен на кавадаречките музички херои – дедо Васил Хаџиманов, Никола Бадев, Кирил Манчевски, Зафировски Хаџиманов – и на композиции од 2005 година, во придружба на Тања Царовска.

Вториот дел ги претставува современите електронски звуци на Александар, опишани како Organica – progressive – house. Ќе гостуваат и Павле Васиљевиќ и Георги Шаревски.

Билетите се достапни во продажната мрежа во: Сома, кафе бар Погон, гостилница Чашка, Три китчен и Станица 26.

Сподели