Нашиот пијанист со светска кариера, Симон Трпчeски ќе го одбележи 25 години од својата кариера со концерт што ќе се одржи вечерва во 20 часот во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Топлината на Латинска Америка, но и на македонското творештво, маестро Трпчески ќе се обиде да ја донесе во Скопје, заедно со диригентот Сашо Татарчевски и ансамблот „Македонисимо“, Оркестарот на МОБ, како и неколку специјални гости.
Настанот го организиран „Прагма продукција“ во соработка со Македонската опера и балет. Концертот ќе биде поделен во две музички поглавја – првото ќе ги слави звуците и ритмите на Латинска Америка, со дела од автори кои ретко се изведуваат на нашите простори, додека вториот дел ќе им биде посветен на македонските дела во нови аранжмани на Панде Шахов, кој за овој повод пристигнува од Лондон.
-Ми се исполнува голема желба да му ја приближам на македонската публика убавината на латиноамериканската класична музика. Но, секако, вториот дел од вечерта му припаѓа на македонскиот музички дух – вели Трпчески.
Во изминатите 25 години, Трпчески свирел во 52 држави, но сепак вели дека настапите дома за него сема поинаква емоција.
-Кога свириш пред своите, чувството е посебно, а одговорноста многу поголема. Тоа секој уметник го знае – вели пијанистот.





