Сликовницата „Време е за Даро“ на вторката Данче Азманова Мирчевска, со илустрации на Кристијан Јованоски, ќе биде промовирана вечерва во 18 часот во StartUp Club во Скопје. Иако сликовницата е напишана за деца и илустрирана од талентираниот илустратор Кристијан Јованоски, таа крие навистина моќна и освестувачка порака што треба да допре
до секој родител, вели Азманова Мирчевска.

– Ние како родители постојано се грижиме колку време нашите деца поминуваат пред екран. Но, зошто истото правило не важи за нас? Зарем не се тоа двојни стандарди? Им го лимитираме на дечињата времето пред дигиталните уреди, а кога ние „седиме” на телефон, едвај се контролираме себеси да не скокаме од место при секоја нотификација дека некој ни го лајкнал постот или ни коментирал. Колку пати ја прекинуваме играта со детето само за да провериме што прават нашите „виртуелни пријателчиња” коишто да ги видиш на улица прашање е дали ќе те поздрават – вели авторката.
Данче Азманова Мирчевска е основачка на платформата Working Mom.





