На „Санденс“ светска премиера на копродукцискиот „Срам и пари“ на Висар Морина

Долгометражниот филм Shame and Money („Срам и пари“) на режисерот Висар Морина е избран во Официјалната селекција на Филмскиот фестивал Санденс, во категоријата на Светска драма (World Dramatic Competition). Во филмот Македонија е копродуцент. Светската премиера ќе се одржи на 25 јануари 2026, а фестивалот ќе се одржи од 22 јануари до 1 февруари во Парк Сити и Солт Лејк Сити.

Филмот е копродукција на продукциски компании од Германија, Косово, Словенија, Македонија (List Production) и Албанија. Автор на сценариото е Висар Морина, а косценаристи се Дорунтина Башa и Марија Димитрова, која воедно е и продуцент од Македонија.

Филмот е поддржан од Комесаријат за култура и медиуми (Германија), Косовски кинематографски центар, Eurimages – Совет на Европа, Германски федерален филмски фонд, Film- und Medienstiftung NRW, Словенечки филмски центар, Национален центар за кинематографија Албанија, македонската Агенција за филм, како и преку белгискиот Tax Shelter програм.

Сподели