Што нè учи археологијата за земјоделството во Пелагонија и Охрид пред 8.000 години?

Во Салата за седници на Филозофскиот факултет во Скопје денеска во 13 часот предавање ќе одржи проф. д-р Феран Антолин од Германскиот археолошки институт. Тој е еден од водечките светски археоботаничари и повеќе години работи на неколку предисториски локалитети во Македонија. Насловот на предавањето е „Dehusking Early Farmers: what archaeobotany is teaching us about the Neolithic in Pelagonia and Lake Ohrid“, а Антолин ќе ги претстави извонредните сознанија поврзани со појавата и значењето на земјоделството во овие краишта пред околу 8.000 години.

– Ова е одлична можност за студентите, стручњаците, но и љубителите на минатото да се запознаат со археоботаничките методи и со најновите сознанија поврзани со неолитското стопанство на тумбите во Пелагонија и наколните населби на Охридското Езеро – велат од Центарот за истражување на предисторијата кои го организираат предавањето во соработка со Филозофскиот факултет.

Сподели