55 концерти и 400 учесници од цела Европа во Скопје. Почнува ПИН – музичката конференција

Влезот е слободен влез за сите посетители. Вкупно 55 музички артисти кои ќе настапат на шест сцени во МКЦ. На конференциската програма ќе има повеќе од 30 панел-дискусии, презентации, предавања и работилници со повеќе од 400 учесници, музички професионалци, уметници, претставници на фестивали, клубови, медиуми, културни институции, кои пристигнуваат од над 30 земји ширум светот

Повеќе од 400 учесници од цела Европа ќе одржат 55 концерти на ПИН – меѓународната музичка конференција и концертен саем што ќе се одржи во Младинскиот културен центар во Скопје од вечерва до сабота. Ова е единствениот ваков настан во Македонија, прв и најголем на Балканот, кој во Скопје ги собира музичките професионалци од целиот свет, претставувајќи ја пред македонската публика музичката авангарда и новата сцена од цела Европа.

Влезот е слободен влез за сите посетители. Вкупно 55 музички артисти кои ќе настапат на шест сцени во МКЦ. На конференциската програма ќе има повеќе од 30 панел-дискусии, презентации, предавања и работилници со повеќе од 400 учесници, музички професионалци, уметници, претставници на фестивали, клубови, медиуми, културни институции, кои пристигнуваат од над 30 земји ширум светот. Годинава на ПИН земја во фокус е Франција, која ќе биде застапена со 9 француски артисти и со 20 француски делегати.

– Тридневната бесплатна програма со концерти, панел-дискусии и работилници, вклучува и исклучително важни теми од јавен интерес: Скопје – Европски град на културата?, Безбедност на настани, Ментално здравје во музичката и креативната индустрија, Дијаспора/извоз на култура, Направи сам турнеи, Независни фестивалски модели, Еколошки стандарди и многу други теми – велат организаторите.

Панелот насловен From Bid Book to Real Life, посветен на Скопје 2028, анализира: Ќе ја претвори ли Скопје титулата „Европски град на културата“ во трајни резултати, ќе поставиме ли јасни и транспарентни извршни субјекти, стандарди и календар на активности? Во оваа дискусија гостите се од Нови Сад, Веспрем (алумни градови) и Никшиќ 2030 (идна престолнина).

Тешка, но неопходна дискусија опфаќа панелот кој се наметна по трагедијата во Кочани со сведоштва и експерти: што се случи во Македонија, што научи Романија (Colectiv) 10 години подоцна, и кои се минималните стандарди за клубови и фестивали за безбедно функционирање. На овој панел пристигнува еден од најголемите професионалци за безбедност на настани во Ирска, директор на најголемата компанија за обезбедување, како и гости од Романија, Франција, Грција и Турција.

Работилницата Get in the van ќе покаже што сè опфаќа една турнеја; како независните музичари да преживеат без државни пари, што се и како се корисни: crowdfunding, member clubs, bar splits, микро-партнерства?

ПИН го разгледува и односот фестивали наспроти соло концерти, кои се новите трендови, ќе се зборува и за односот Исток/Запад: Кој ги поставува европските стандарди за култура; дали Истокот е рамноправен во финансирање, видливост и иновации?

Присутните ќе имаат можност за професионални средби: брзи состаноци (matchmaking), презентации на фестивали и агенции. ПИН музичката конференција е во организација на „Пасворд продакшн“ и се реализира како дел од дополнителната програма на фестивалот „Таксират“.

Повеќе информации на линкот.

Сподели