Витомир Митевски, Живоин Глишиќ и Беди Ибрахим – добитници на наградата „Св. Климент Охридски“

Академик Витомир Митевски, композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим се добитници на наградата „Св. Климент Охридски” за 2025 година за највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието,
културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на земјава.

Академик Витомир Митевски, филозоф и класичен филолог ја доби наградата од областа на воспитанието и образованието. Композиторот Живоин Глишиќ и ликовниот уметник Беди Ибрахим ја добија наградата за областа на културата и уметноста.

Оваа Одлука влегува во сила од денот на донесувањето и ќе се објави во ,,Службен весник на РСМ”.

Сподели