Промоција на проектот „Прометеј“

Во Археолошкиот музеј во Скопје денеска во 12 часот ќе се одржи промоција на дигиталната збирка натписи и приказни во рамките на проектот „Прометеј“. Преку изборот натписи од Македонија, Бугарија и Србија јавноста може да дознае како живееле луѓето за време на римскиот царски период, со што се соочувале во секојдневниот живот, кон кои вредности се стремеле, во што верувале и на што се надевале.

Проектот е финансиски поддржан од програмата „Креативна Европа“ на Европската унија (потпрограма „Култура“), а од македонска страна го реализираа Археолошкиот музеј и Филозофскиот факултет од Скопје.

 

Сподели