Изложба на цртежи од архитектот Љубе Чаловски

Самостојна изложба на цртежи од архитектот Љубе Чаловски ќе биде отворена денеска во 13 часот во галеријата „Ко-Ра“ про Домот на културата „Кочо Рацин“ во Скопје. Воведен збор ќе има Кристинка Чулак, претседателка на Комората на овластени архитекти и инженери во Македонија.

Изложбата ќе претстави дел од импресивниот опус на Чаловски во изминатите децении ширум светот, од Блискиот Исток до Јужен Сибир, како и мотиви од повеќе предели од Македонија – Тетово, Гостивар, Кратово, Битола, Охрид.

Сподели