Дводневна обука за новинари

Дводневна обука за новинари посветена на препознавање и справување со родови дезинформации и дигитално родово базирано насилство организира Мрежата „Стела“. Пријавувањето на обуката трае до 23 ноември, а целта е да го зајакне капацитетите на медиумските професионалци за создавање етички, инклузивни и одговорни медиумски содржини, кои придонесуваат кон општество ослободено од стереотипи, говор на омраза и дезинформации. Обуката ќе се одржи во текот на идниот месец.

– По завршувањето на обуката, учесниците ќе добијат менторска и симболична финансиска поддршка за развој на сопствена медиумска приказна. Секој учесник ќе може да ја избере формата која најмногу одговара на неговиот медиум и стил: новинарски текст, видео-приказна, поткаст, интервју, фото-есеј или друг формат по избор – велат од „Стела“.

За обука ќе бидат избрани 12 кандидати. Заинтересираните треба да испратат кратка биографија (до 3 страници), пример на претходно објавен новинарски материјал и мотивациско писмо (до 300 зборови) во кое ќе објаснат зошто сакаат да учествуваат на обуката. Апликациите треба да се испратат на мејл адресата: info@stella.mk.

Сподели