„Изворни минијатури“ е насловен концертот на Ансамблот „Танец“ што ќе се одржи на 22 ноември (19.30 часот) во Националната опера и балет. Пред публиката ќе бидат изведени автентични ора и песни во нивната интегрална форма, како што егзистирале на теренот.
– Публиката ќе види и раскош на дијалекти со што ќе се потсетиме на најстарите слоеви од македонскиот музички и сценски фолклор. Машките, женски и мешаните ора ќе бидат изведени од врвни игроорци и музичари на македонски изворни инструменти – велат од „Танец“.
Насловна фотографија / Извор: Танец





