„Времеплов“ – инсталација од Анета Симоновска-Стојчевска во „Ко-Ра“

Во Дом на култура „Кочо Рацин“ во Скопје вечерва во 19 часот ќе биде отворена изложба на дела од Анета Симоновска-Стојчевска. Под наслов „Времеплов“ таа ќе се претстави со инсталација составена од три дела, изработени од разнородни материјали и во повеќе техники. Целта е да се акцентира улогата на постаментот низ историјата. Видео-инсталација е со аудиозапис на Мира Георгиевска, и неколку цитати појаснувања кон изложбата даваат авторката и Ѓорѓи Костовски.

Анета Симоновска-Стојчевска (1983, Крива Паланка) дипломирала на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, на одделот за скулптура, педагошка насока, во класата на Станко Павлески.

Сподели