Kултниот албум „Врати на имагинација“, групата „Ареа“ за првпат ќе го свири на концертот закажан за вечерва во салата „Јане Сандански“ во Скопје. Вратите ќе бидат отворени во 20 часот, а концертот ќе започне во 21 часот. Ружица Милошевска-Брчиоска и Ивица Брчиоски и Бобан Милошески од „Авалон“ најавуваат концерт што не треба да се пропушти. „Сите мои слики“ е најголемиот македонски хит во независна Македонија, рече Милошески. На концертот ќе се промоцира реизданието на албумот „Врати на имагинација“ на плоча, а сите кои ќе ја купат, ја добиваат потпишана од членовите на „Ареа“.
„Кога се обидувавме македонската музика да ја дигнеме на највисоко можно ниво, тука ‘Ареа‘ и уште неколку музичари имаат голема улога, рече Милошески, сопственикот на „Авалон“.
Тој се присети на концертот на „Ареа“ во 2000 на Скопски саем, кога многу луѓе не успеаја да влезат во салата.
„Продадовме 2.000 влезници повеќе и за првпат во животот видов полицајци на коњи. Му реков на брат ми Данче: ‘Види што се случува надвор’. Во денешно време, кога владеат дигиталните платформи, винилот и музиката на концерт се непобедливи“, додаде Милошески.

Тој концерт на Саем беше најпозитивниот хаос во нашата кариера. Сега се радувам што добиваме и млада публика, која нема искуство со одење на концерти. Но, кога ќе дојдат на еден наш настап и ќе видат дека тоа се добри песни, без оглед дали за нив се модерни или не, имаат желба да дојдат пак“, рече Милошеска-Брчиоска.
Во денешно време е многу потешко да добиеш публика и ако создаваш квалитет, зашто тој се мери според прегледи на дигиталните музички платформи или социјалните мрежи“, истакна Ивица.
Гостин на концертот ќе биде младиот пејач Јанг Дади, кој гостува во новата верзија на хитот „Очи ангелски“. Билетите за концертот се продават онлајн преку мрежата на „Авалон букинг“.





