Саем на студии во странство викендов во Скопје

Во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје денеска и утре ќе се одржи Саем на студии во странство, посветен на студирањето и образовните можности во странство. Саемот ќе биде поставен на вториот кат, ќе трае од 11 до 18 часот и е отворен и бесплатен за сите посетители.
Настанот го организира „Сити мол“ во соработка со платформата „Студентарија“, а целта е да им помогне на младите да ја пронајдат својата идна академска насока.
Посетителите ќе имаат можност да се запознаат директно со претставници на универзитети од Европа и од регионот, национални образовни агенции и амбасади кои ќе ги претстават студиските програми и можностите за запишување на прв, втор и трет циклус на студии, а ќе понудат и информации за стипендии, условите за аплицирање и животот во различни држави. На саемот ќе учествуваат институции од Германија, Хрватска, Бугарија, Грција.

Сподели