Врачување на наградата „Оливера Николова“ на Ермис Лафазановски

Kнижевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година ќе биде врачена вечерва во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје. Ќе биде и промовиран победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафазановски, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

На доделувањето на првиот добитник на оваа награда за најдобар необјавен роман за деца и млади, востановена од издавачката куќа „Арс Ламина“, ќе се обрати жирито во состав: Оливера Ќорвезироска, Весна Мојсова-Чепишевска и Јагода Михајловска-Георгиева, како и Јана Андреевска, ќерка на Оливера Николова.

Сподели