Објавени датумите за натпреварите по математика

Сојузот на математичарите на Македонија ги објави датумите за натпреварите по математика во 2026 година. За основците, општинските натпревари ќе се одржат на 30 јануари, регионалните се закажани за 14 март, а државниот натпревар ќе се одржи на 18 април.

И за средношколците општинските натпревари се закажани за 30 јануари, но регионалните ќе се одржат на 14 февруари, а државниот натпревар – на 7 март.

Сподели