Во рамки на одбележувањето на 26 септември, европскиот ден на јазиците, Здружението на преведувачи на Македонија и Europe House Скопје денеска во 16 часот ќе ја доделат наградата за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2021.
Настанот ќе го отвори Никола Ѓелинчески, претседател на организациониот одбор на наградата „Вавилон“, а на присутните ќе им се обрати и амбасадорката на „Вавилон“, писателката Румена Бужаровска.
Новото издание на традиционалната награда за најдобар млад преведувач „Вавилон“ 2022 година ќе го отвори со свое обраќање Дејвид Гир, шеф на Делегацијата на ЕУ.
Настанот можете да го проследите преку пренос во живо на фејсбук-страниците на „Вавилон“ и Europe House.





