Во средното училиште „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија денеска во 12.30 часот ќе се одржи промоција на книгата „Одблесоци на сонот“, збирка раскази и есеи од ученици од градот. Во збирката се опфатени наградените раскази и есеи испратени на литературните конкурси на Библиотеката „Гоце Делчев“ во Гевгелија, реализирани во соработка со наставниците од сите основни и средното училиште во градот. На промоцијата ќе се претстават и дел од учениците, членови на Драмската секција за деца и младинци при Пионерскиот дом „Јосип Броз Тито“.
Промоцијата се одржува во рамките на манифестацијата Гевгелија – Град на културата за 2025 година. Збирката содржи дела наградени книжевни творби од учениците во основните и средното училиште во Општина Гевгелија и од учесниците во работилниците за креативно пишување од 2022 до 2024 година.





