Онлајн-дискусија: Кога уметноста и науката се преклопуваат

Врската помеѓу медицината и уметноста е во фокусот на онлајн дискусијата што ќе се одржи денеска во 18 часот, на која ќе учествуваат уметницата Елпида Хаџи-Василева и научникот, проф. Аластер Форбс. Модератор е Ана Франговска, историчар на уметност. Дискусијата може да се проследи со претходна рецистрација ТУКА. Учеството е отворено за секого, а ќе има превод на македонски јазик. Дискусијата е во рамките на проектот „Допирот: Идни екологии“ што ја организира Националната галерија во партнерство со Британскиот совет и агенцијата за подвижни слики „Лукс“ од Обединетото Кралство.

– Интер и трансдисциплинарноста неодамна станаа карактеристични елементи на современата уметност. Кога границите помеѓу дисциплините се спојуваат и се бришат многу често, резултатите се збогатуваат за двете дисциплини со дела кои не може да се предвидат. Особен пример за соработка помеѓу практичари со различни специјализации ќе биде во фокусот на овој говор – објаснуваат од Националната галерија на Македонија.

Елпида Хаџи-Василева (родена 1971 година, Кавадарци) е уметница со македонско потекло со седиште во Велика Британија. Таа изложува честопати и реализира бројни комисии на национално и меѓународно ниво, во галериски простори, музеи и во јавни простори. Хаџи-Василева беше избрана од Министерството за култура да ја претставува Македонија на 55. Венециско биенале во 2013 година, со Ана Франговска, куратор во Националната галерија на Македонија. Дипломирала скулптура на Кралскиот колеџ за уметност, Лондон, во 1998 година.

Аластeр Форбс е визитинг професор на Универзитетот во Тарту во Естонија. Тој е и почесен професор по медицина на Универзитетот во Источна Англија, каде што беше до август 2020 година директор за истражување и клиничка гастроентерологија. Неговата научна работа е главно врзана со интестинална инсуфициенција и исхрана при воспалителни заболувања на дебелото црево, но тој исто така е посветен на медицинско образование и има интерес во кариерата за етички прашања и други точки на општо поврзување со општеството. Тој е горд што имал активна улога во изведбите на Incontinentals, лесен пристап кон сериозниот проблем со фекална инконтиненција. Претходно бил во UCL и во болницата Свети Марк во Лондон. Тој бил директор за образование на Европското здружение за исхрана, генерален секретар на Британското здружение за гастроентерологија и претседател на Британската асоцијација за клиничка исхрана. Има напишано повеќе од 250 оригинални трудови, многу прегледи и придонеси за упатствата, и е широко цитиран.

Сподели