Јасмин Леви вечерва во Филхармонија

Израелската ѕвезда Јасмин Леви вечерва во 20 часот ќе одржи концерт во Македонската филхармонија. Светскиот вокал и’ се враќа на македонската публика по година и пол повторно, откако одржа концерт што долго ќе се памети.

– Скопје, среќна сум што се враќам! Вашата љубов, вашата енергија, сѐ уште ги носам со себе. Да се сретнеме повторно на 17 октомври за уште една незаборавна вечер – напиша Леви на својата фејсбук-страница.

Влезници можат да се купат на следниот ЛИНК.

Јасмин Леви е родена и израсната на Блискиот Исток, каде од најмала возраст ја впива музичката разноликост на регионот – од класична музика и џез, па сè до автентичните ориентални звуци. Таа умешно ги спојува овие влијанија со шпанските ритми и фламенкото, создавајќи препознатлив стил што ја издвојува на светската музичка сцена. Нејзиниот вокал, полн со страст и емоција, ја освои скопската публика во април годинава, кога концертот во Македонската филхармонија беше целосно распродаден. Со оглед на тоа искуство, очекувањата за новиот настап се големи – уште една вечер исполнета со фламенко, латински ритми и моќна интерпретација.

Концертот го организира Stars&More од Босна и Херцеговина.

Фото: Стефан Рајхл

Сподели