Годишна изложба на ликовните уметници од Прилеп

Годишната изложба на Друштвото на ликовните уметници на Прилеп е синоќа беше отворена во Ликовната галерија од Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, во рамките на одбележувањето на празникот 11 Октомври.

– Годинава својата креативност ќе ја изразија 13 уметници, членови на ДЛУП, кои се претставуваат со творештво во различни техники и материјали преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем – вели Маја Ралева-Миладиновски од ДЛУП.

На изложбата се изложени дела од: Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски, Емил Солески, Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Геговски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски. Изложбата ќе биде отворена 10 дена.

Сподели