Во Македонската академија на науките и уметностите во отворена е изложба на ликовни уметници кои се предложени за членови на Академијата. Со свои дела се претставуваат академските скулптори Жарко Башески и Сашо Саздовски и академските сликари Новица Трајковски и Невзат Бејтули – Кица.
Изложбата ќе биде отворена до 16 октомври и може да се посети секој работен ден од 8 до 15 часот во изложбениот салон на МАНУ.





