Среќен сум за наградата „Златна камера 300“, зашто доаѓа од прекрасен фестивал и од кинематографери. Треба да верувате во својата визија и во себе, рече Давид Шамбиј, кинематограферот на филмот „Нов бран“, добитник на главната награда на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“. Жирито беше согласно дека Шамбиј ја добива наградата поради „не само убаво, туку и уверливо прикажаните слики и поради тоа што камерата носи енергија и дух на слобода на легендарниот француски нов бран. „Златната камера 300“, заедно со останатите награди на фестивалот беа доделени синоќа на свечена церемонија во Центарот за култура во Битола, во преполна сала. Стоечки овации и аплаузи дочека филмската екипа на „Диџеј Ахмет“ во режија на Георги М. Унковски, на македонската премиера, веднаш по доделувањето на наградите. Филмот што е веќе омилен на публиката каде и да се појавел досега на 30-ина меѓународни фестивали, ја освои и домашната.

Давид Шамбиј
„Сребрена камера 300“ ја доби Олимпија Митилинају, за филмот „Тивок живот“. Митилинају мошне емотивно ја прими наградата. „Бронзена камера 300“ му беше доделена на шпанскиот кинематографер Мауро Херце за филмот „Сират“. Херце се заблагодари на фестивалот за дадена можност и на комисијата за добиот вкус со видеопорака и вети дека би сакал наскоро да дојде во Битола.

Мауро Херце
За наградите одлучи жири во состав: Денис Ленуар, претседател на жирито, Астрид Хојбрантнер, кинематограферка, Валерио Карузо, директор на „Синеуропа“, Асја Крсмановиќ е босанска сценаристка,драматург и истакната програмерка на филмски фестивали и Митко Панов, филмски режисер.

Олимпија Митилинају
Железната камера 300 во документарната програма жирито во состав : Лара Виланова, Карла Црнчевиќ и Роберт Јанкулоски, одлучи наградата да му ја додели на Лука Коасин за филмот „Рудник“.
– Му благодарам најпрво на целиот мој тим. Ние сме ништо без тимот. Им благодарам и на членовите на жирито и на режисерот за довербата, рече Коасин и има порача на младите кинематографери да работат со страст.

Воли Фистер
За филмовите во селекцијата на кратки филмови одлучуваше жирито во состав: Тудор Пандуру, Марко Брдар и Марија Џиџева и ја доделија „Мала камера 300“ на Мајкл Конг за филмот „Кога гуските летаа“.
За студентската програма одлучуваше истото жири и наградата Кристална камера и ја доделија на Лиса Јилг за филмот „Костимот за капење“, а специјално признание за кинематограферот Леон Хотриџ за филмот „ Еднорогот во пантолони за снег одеднаш избега“.

Лука Коасин
На свеченото затворање на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ вечерва на Воли Фистер му беше врачена „Специјалната награда Златна камера 300“ за исклучителен придонес во светската кинематографија. Наградата му ја врачи директорот на фестивалот Димитрија Доксевски.
Фистер рече дека е голема чест да се биде овде.
– Ние доаѓаме како вонземјани, доаѓаме од Холивуд и го најдовме овој мал град Битола за кој не знаев досега. Дојдов овде и ја видов магичната прослава на уметноста на кинематографијата и тоа за мене е неверојатно искуство. Од моментот кога излегов од автомобилот наидов на топол пречек и прошетав по главната улица на градот и неговата прекрасна архитектура и од сите бев топло пречекан. Ова е посебно место, ви благодарам и се надевам дека повторно ќе се вратам, рече Фистер.

Игор Иванов-Изи и Кирил Џајковски
Друштвото на филмски работници на Македонија годинава одбележува 75 години постоење. Тие го доделуваат највисокото признание во областа на филмската уметност во нашата земја „Голема ѕвезда на македонскиот филм“, која годинава ја доби Кирил Џајковски.
– 75 години е импресивна бројка и се прашував каде сме по 75 години. Денес, за отворање на фестивалот имаме филм на македонски автори, кој беше на Венецискиот филмски фестивал, за затворање на фестивалот -филм на македонски автори, која доаѓа од фестивалот во Санденс каде беше неговата светска премиера. Имаме трет филм, кој излезе и кандидат за Оскар. А добитник на Големата ѕвезда на македонскиот филм е Кирил Џајковски. Не може да биде подобро, нели?, рече Игор Иванов, претседател на ДФРМ и додаде дека ДФРМ силно ги поздравува напорите за исправање на состојбите кај филмските работници и сите најави за добрите времиња кои допрва доаѓаат.

Џајковски му се заблагодари на ДФРМ за честа, особено, како што рече, што доаѓа од колеги филмаџии.
– Како музичар и како автор за мене филмската музика секогаш била фасцинантна и секогаш сум се прашувал како таа го подобрува филмот, како ги зајакнува емоциите…Имав среќа да работам со исклучителни автори кои со своите остварувања ја ставија Македонија на светската филмска мапа. Горд сум што сум дел од креативниот тим на фимовите на Милчо Манчевски, Александар Поповски, Иво Трајков, Дарко Митревски и други, но ме радуваат и успесите на помладата генерација на новите филмски таленти како Тамара Котевска, како Ѓорѓи Унковски кои ја продолжуваат успешната македонска филмска приказна и потврдуваат дека Македонија има филмаџии од светски карактер, рече Џајковски.

-Фестивалот „Браќа Манаки“ не е само проекција филмови, тоа е лабараторија на светлина и сенка, место каде што филмот не продава излузии, туку создава вистинска алхемија, меша реалност и сон, ризик и визија. Овде камерата е повеќе од сретство, таа го сопира времето што му дава боја на мигот што ја раскажува нашата историја, но и нашата иднина. Затоа „Браќа Манаки“ е повеќе од фестивал, тоа е доказ дека Македонија не е на маргините, туку е пулс што светот мора да го слушне, рече министерот за култура Зоран Љутков и подвлече дека ветува континуирана поддршка и дека филмот нема да биде статист во Македонија и дека ќе биде водечки лик во културната приказна на Македонија.
„Железната камера 300“ во документарната програма жирито во состав : Лара Виланова, Карла Црнчевиќ и Роберт Јанкулоски, одлучи наградата да му ја додели на Лука Коасин за филмот „Рудник“.

-Му благодарам најпрво на целиот мој тим. Ние сме ништо без тимот. Им благодарам и на членовите на жирито и на режисерот за довербата, рече Коасин и има порача на младите кинематографери да работат со страст.
За филмовите во селекцијата на кратки филмови одлучуваше жирито во состав: Тудор Пандуру, Марко Брдар и Марија Џиџева и ја доделија Мала камера 300 на Мајкл Конг за филмот „Кога гуските летаа“.
За студентската програма одлучуваше истото жири и наградата Кристална камера и ја доделија на Лиса Јилг за филмот „Костимот за капење“, а special mention за кинематограферот Леон Хотриџ за филмот „ Еднорогот во пантолони за снег одеднаш избега“.
Овие неколку фестивалски денови, седум, нашиот град живееше со филмот, пулсираше во ритамот на седмата уметност, Битола беше домаќин на врвни филмски кинематографери, режисери, актери, филмски работници од целиот свет. На нашите сцени, во нашите кина и по нашите улици се разменуваа идеи, се раѓаа нови пријателства и се создаваа идни соработки. Тоа е суштината на „Браќа Манаки“, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Битола овие седум дена беше градот што сонува во светлина и сенка на платно. Директорот на фестивалот Димитрија Доксевски се заблагодари на сите што помогнале да се реализира фестивалот и застанале зад неговата идеја со зборовите: Да живее „Браќа Манаки!“





