Јана Секулоска ја доби наградата „Вавилон – Нова генерација“

Наградата „Вавилон – Нова генерација“ за најдобар студентски превод ја доби Јана Секулоска, за нејзиниот превод на краткиот расказ „Мајките беа сите исти“ од Џозеф О’Конор, од англиски на македонски јазик. Наградата и’ беше врачена вчера во Јуроп хаус во Скопје, по повод Европскиот ден на јазиците. Наградата се доделува во соработка на Делегацијата на Делегацијата на Европската Унија во партнерство со Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје.

Наградата „Вавилон“ има за цел да ги поддржи младите преведувачи и да ја нагласи важноста на квалитетот во книжевните преводи. Конкурсот е отворен за студенти кои можат да аплицираат со превод на книжевно дело од кој било од 24-те официјални јазици на Европската Унија на кој било од јазиците што се зборуваат во земјата.

Наградата на Секулоска и ја врачи амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Наградата се состои од студиско патување поврзано со превод, како и објавување на победничкиот превод во Годишникот на собраните дела на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“.

Сподели